Вечерва во салон 19:19 концерт на пијанистот Дино Имери
Во рамки на неделата посветена на германскиот композитор Јохан Себастијан Бах, вечерва во Салон 19:19 во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот концерт ќе одржи реномираниот пијанист Дино Имери. Имери ќе ги изведе Голдберг варијациите, врв на барокната варијациска уметност.