Вечерва во Националната опера и балет - обновената опера „Лидија од Македонија“

Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе ја отвори новата сезона со изведба на обновената македонска опера  „Лидија од Македонија“ на композиторот Ристо Аврамовски.

Режисер е Пламен Карталов од Бугарија, обновата на режијата е на Трајко Јордановски, диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Панче Минов, а костимограф Елена Дончева.

Во насловната улога на операта ќе настапи Наде Талевска-Спасовска. Игор Дурловски ќе настапи во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски/Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева-Талевска/Катерина Стојановска во улогата на Асиа, Александра Лазаровска-Василевски/Елена Голомеова во улогата на Агиа и Марика Поповиќ/Соња Пендовска-Мадевска во улогата на Дина.

Ќе настапат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.