Вечерва состанок на пелагониските сточари од кој треба да излезе одлука за радикализација на барањата

Според најавата вечерва треба состанок да одржат пелагониските сточари од кој треба да произлезе одлука дали ќе настапат порадикално во пласирање на своите барања за исплата на субвенциите. доколку нема слух од надлежните , со тешката и полесната механизација ќе ги блокираме улиците, изјавија сточарите на минатонеделниот состанок. 

Државата во моментов на сточарите им должи субвенции за цела 2025  година а не им е исплатенма ниту премијата за откупеното млеко за шест месеци за минатата година. поддршка и исплата нема ниту за тековнава година.