Вечерва премиера на претставата „Пикник на фронтот“
Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот театар – Скопје, со почеток во 20 часот. Претставата е работена по текст на Фернандо Арабал, а режијата е на Андреј Цветановски.
Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимограф е Раде Василев, а изборот на музиката го направи Димитар Андоновски.
Во претставата играат: Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Филип Трајковиќ, Дамјан Цветановски, Стефан Вујисиќ, Соња Стамболџиоска.