Вечерва почнува Сан Ремо 2023

Годинашново 73. издание на фестивалот започнува вечерва и ќе трае до 11 февруари. Традиционално, фестивалот се одржува во театарот „Аристон“ во Сан Ремо со пет вечери. Водителот на вечерта, како во претходните години ќе биде популарниот италијански водител Амадеус, кому на сцената ќе му помага познатиот пејач и актер Џани Моранди.

Меѓу 28-те натпреварувачи се најдоа Ана Окса со песната „Sali (Canto dell’anima)“, Марко Менџони со песната „Due vite“ и уметникот Madame, кој ќе ја изведе песната „Il bene nel male“.

Во првите две полуфинални вечери ќе настапат по 14 артисти, а во третата ќе настапат сите 28, каде повторно ќе ги изведат песните. Ќе настапат и во текот на четвртата, ревијална вечер, но со обработки на познати песни по желба. Во финалето повторно ќе ги слушнеме сите 28 авторски песни, а само пет ќе влезат во суперфиналето со гласање на публиката. До крајот на финалната вечер публиката повторно ќе гласа и ќе го одреди победникот.

Победникот на „Сан Ремо ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизија што годинава ќе се одржи во Ливерпул.

Групата „Манескин“, која победи на фестивалот „Сан Ремо“ во 2021 година со песната „Zitti e buoni“, беше и претставник на Италија на Евровизија и и донесе победа на својата земја. Годинава „Манескин“ ќе гостува и ќе претстави дел од песните од новиот албум.

За време на преносот на последната вечер на на познатиот италијански фестивал на поп-песни во Сан Ремо, кој директно се прикажува на РАИ, но и во други земји, како што беше претходно договорено, Володимир Зеленски ќе им се обрати на гледачите преку видео врска. Според соопштението, Зеленски изразил желба да пренесе порака за мир.

Одлуката на организаторите на фестивалот предизвика критики, особено кај италијанските интелектуалци дипломати, новинари и уметници. Тие се против планираното учество на украинскиот претседател на овој настан.