Вечерва почнува италијанскиот музичкиот фестивал Санремо 2026
Вечерва стартува музичкиот фестивал Санремо 2026. 76-то издание традиционално се одржува во Театарот Аристон во Санремо и ќе трае до 28 февруари 2026 година, а годинешни водители се Карло Конти кој е и уметнички директор на натпреварот и пејачката Лаура Паусини.
Ппобедникот на фестивалот ќе ја претставува Италија на Евровизија 2026. Поради одржувањето на Зимските олимписки игри и Параолимписките игри помеѓу 6-22 февруари и 6-15 март 2026 година,фестивалот го помести терминот за последната недела од февруари.
Гласањето ќе се одржи повторно преку комбинација од три методи, јтелевоутинг, спроведено преку фиксен и мобилен телефон, жири од прес-салата, телевизија и веб гласање и жири од радио.
На прва вечер сите 30 учесници ќе бидат оценети од жирито од прес-салата, телевизија и веб. На втора вечер ќе се гласа комбинирано преку систем 50/50 со телевоутинг и жирито на радиото. Четирите нови учесници, кои ќе се натпреваруваат на првите две вечериа, ќе бидат оценети од сите три жирија, одредувајќи ги два финалисти.
На трета вечер другата половина од главните учесници и двајцата финалисти нови учесници ќе бидат оценети како и претходната вечер, при што ќе се прогласи победник од втората вечер. Четврта вечер е резервирана за преработки на хитови од претходните изданија на фестивалот и ќе бидат оценети преку систем телевоутинг 34% и две жири комисии (со 33% гласањена секоја комисија, одредувајќи го победникот на вечерта.
На финалната вечер учесниците ќе бидат оценувани преку телевоутинг (34%) и двете жирија (33% секое жири), и ќе се соберат на резултатите од првите три вечери; на крајот, ќе се одржи финална рунда на гласање (со истиот систем) на првите пет, со кој ќе се одреди победникот.
Вечер сите 30 изведувачи ќе ги изведат своите натпреварувачки песни. Утре првите петнаесет од нив ќе ги изведат песни по втор пат. Вечерта ќе биде отворена со полуфиналето на „Дебитантите“. Трета вечер е резервирана за преостанатите петнаесет да се претстават по втор пат. Вечерта ќе биде затворена со финалето на „Дебитантите“. Четврта вечер е вечерна дуети на кои изведувачите заедно со гостите на фестивалот изведуваат песна од минатите изданија. На финалето, сите изведувачи се претставуваат по трет пат, Првите пет најдобри од комбинираните гласања и првите пет од изминатите вечери ќе се пласираат во суперфинале, каде што жирито и телевоутингот ќе го одредат победникот.
Меѓу специјалните гости ќе бидат Макс Пецали кој ќе настапи во живо од сцената на брод, Тицијано Феро и минатогодишниот победник на Санремо, Оли, Алиша Кис и Ерос Рамацоти, Андреа Бочели и Нино Фрасика, Бреш, Д Колорс, Франческо Габани, Гаја и Пу.
Посебна почит ќе им биде одадена на личностите кои биле дел од фестивалот, а од кои фестивалот се прости минатата година, Пипо Баудо, Пепе Весикио, Орнела Ванони, Сандро Џакобе и Тони Далара.

