ВЕЧЕРВА НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“ СЦЕНСКИ ПРИКАЗ НА ПОЕЗИЈАТА НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ
Foto

ВЕЧЕРВА НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“ СЦЕНСКИ ПРИКАЗ НА ПОЕЗИЈАТА НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Во Предворјето на црквата „Света Софија“, а во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“, вечерва од 22 часот ќе се одржи сценски приказ на поезијата на Блаже Конески преку проектот „Парче душа“ на актерот Љупчо Тодоровоски –Упа.Со години изведуван ширум Македонија проектот стана препознатлив вели Упа кој раскажува дека природно се врзува и поистоветува со Блажe Конески.Насекаде наидува на искрена човечка возбуда и благодарност, неретко доведени и до по некоја солза.

0 Коментари

Остави коментари