Вечерва ќе се изведе четвртата трансплатација на срце
Foto

Вечерва ќе се изведе четвртата трансплатација на срце

Четвртата трансплатација на срце во државата. Во тек се подготовките четвртиот пациент за добие нова шанса живот..

Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш. - соопшти предмалку министерот за здравство Венко Филипче, објавувајќи фотографија од делот од тимот кој ќе учествува во повеќечасовната операција.

Досега во земјава се направени три трансплантации на срце. Првата трансплатнација од починат донор беше направена во мај минатата година, а годинава имаше уште две трансплантации.

Првата трансплантација на срцето минатата година ја изведоа докторите Сашко Јовев и Жан Митрев заедно со докторите Васил Папестиев, Марјан Шокаровски, Ванѓел Здравески, Кјутим Џелили, Тања Анѓушева, Никола Христов, Стефанија Хаџиевска, докторка Надица Мехмедовиќ, Весна Миташова,Јасмина Илиевска,  Марија Гераковска и Димче Славевски. 

Претходно експлантацијата на срцето на починатата пациентка ја извршиле докторите  Марјан Шокаровски, Александар Колевски и Александар Николиќ. 

Целиот процес, во координација со министерот Филипче, бил воден од страна на националниот координатор за трансплантација, Маја Мојсова Мијовска, која со својот тим:  Билјана Андоновска, Весна Дурнев и Адријана Георгиев од Министерството за здравство ја процесираа пациентката во мозочна смрт и ги направиле сите лекарски, технички и административни подготовки за да се започне со трансплантацијата на срце и бубрези.

0 Коментари

Остави коментари