Вечерва е големото финале на Песна на Евровизија
Вечерва се одржува големото финале на 68то издание на Песна на Евровизијата кое се одржува во Малме, Шведска. Евровизискиот домаќин и минатогодишниот победник Шведска ќе го отвори евровизиското финале, а последна ќе настапи Австрија. Дваесет и шест песни ќе се натпреваруваат на сцената во Малме, а најголеми шанси за победа во моментов, според обложувалници на интернет, имаат Хрватска, Израел, Швајцарија, Ирска и Франција.
Годинава, се чини дека ова издание на Евровизија ќе остане најзапаметено по скандалите кои започнаа уште пред самиот почеток на Евровизија. Откако се објавија сите 37 земји учесници, најголем револт во јавноста предизвика учеството на Израел. Бројни демонстрации го тресеа Малбе за да се натера ЕБУ да ги исфрли Израел од учеството поради војната во Газа.
Во финалето на првата полуфинална вечер влегоа Србија, Португалија, Словенија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Хрватска, Ирска и Луксембург. Настапот на хравтскиот претставник Бејби Лазања и неговиот заразен ритам „Рим тим таги дим“ ја крена публиката во салата, но и медиумскиот центар на нозе. Неговиот настап беше проследен со овации уште на самата проба, а на првата полуфинална вечер настапи вистинска еуфорија кога публиката играшее и пееше со него, а во еден момент дури и неговиот вокал послабо се слушаше од гласовите на распеаната публика. Првата полуфинална вечер ја одбележаа два настапи кои предизвикаа шок кај гледачите. претставничата на Бамби Туг и нејзијата песна „Doomsday Blue“ и ги остави сите без зборови. Таа носеше рогови, под тешка готичка шминка и застрашувачки костим, а нејзиниот танчер на сцената буквално наликуваше на демон. Инаку, таа се претставува како небинарна личност како и претставникот на Швајцарија Немо, па и двајцата ја користеа заменката „тие“ за претставување.
Првата вечер беше само затишје пред бурата која уследи на втората полуфинална вечер. Во финалето од оваа вечер влегоа Латвија, Австрија Холандија, Норвешка, Израел, Грција, Естонија, Швајцарија, Грузија и Ерменија. И токму влегувањето на Израел во финалето ја разбесни јавноста. Израел го претставуваше Еден Голден и нејзината песна „Ураган“ и уште за време на генералната проба, таа беше жестоко исвиркана. За време на нејзиниот настап во преносот се слушаа масовни свирежи од публиката, но кога заврши со песната, од режијата компјутерски беа вметнати овации и аплаузи, но атмосферата во живо беше сосема поинаква од онаа во салата. На социјалната мрежа Х, снимките од викањето и свирежите на публиката станаа вирални, а корисниците кои го споделија видеата објаснија вистинската атмосфера во салата.
„Ги исклучија микрофоните на публиката за време на изведбата на Израел и додадоа лажни аплаузи и овации“, „Ова видео само покажува дека не сите од публиката се согласуваат со она што се случува. Тие ги пригушија реакциите на публиката само за време на изведбата на Израел. ЕБУ го поддржува тоа“, повеќе дел од коментарите од социјалните мрежи заедно со снимки од Арената.
По втората полуфинална вечер на Евровизија, Еден Голден на прес-конференцијата одговараше на прашања на новинарите. Но ѝ беше поставено прашањето: „Дали мислиш дека со твоето присуство претставуваш опасност за сите?“ Нејзиниот тим ја советуваше дека не мора да одговори на тоа прашање, но таа одлучила да одговори.
- Мислам дека сите сме тука поради една причина, ЕБУ ги презеде сите мерки ова натпреварување да биде безбедно за сите нас. Мислам дека е безбедно за сите, инаку немаше да бидеме тука. - беше нејзиниот одговор.
И како тоа да не беше доволно, следуваше нов скандал. Холандскиот претставник Јост Клајн е под истрага од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) поради необјаснетиот „инцидент“ и не се појави на претпоследната генерална проба каде што требаше да ја изведе својата песна „Europapa“. Клајн присуствуваше на почетокот на пробата и излезе на сцената во костим, но не се појави кога дојде редот да настапи. ЕБУ во соопштението наведе:
„Во моментов истражуваме инцидент што ни беше пријавен во врска со холандскиот уметник. Тој нема да вежба до понатамошното известување. Во моментов немаме дополнителни коментари и ќе ги ажурираме во догледно време“, стои во соопштението од ЕБУ.
Набрзо се откри и причината за истрагата дека Холанѓанецот наводно удрил член на израелската делегација откако тој ја исмејувал смртта на неговите родители. На социјалната мрежа „Х“ по еден час од скандалот се појави видео од пејачката Еден како ја вежба песната додека нејзиниот тим свирка и извикува „бууу“ и „Слобода за Палестина“. Видеото стана вирално за неколку часа и ја разбесни и онака налутената јавност која бара од ЕБУ Израел да биде дисквалификуван од Евровизија. Белгиската телевизија VRT престана да го емитува Изборот за песна на Евровизија за да го осуди израелското кршење на човековите права и слободата на медиумите и повика на прекин на огнот во Газа. ВРТ, која емитува програма на фламански, во четвртокот, во знак на протест против израелските напади во Газа, го прекина емитувањето на второто полуфинале на Евровизија. Скандалозната втора вечер дојде директно од Италија. За време на прикажувањето на клиповите на финалистите, италијанската државна телевизија „Раи“ случајно ги објави резултатите од „телевоутингот“ што е строго забрането според правилата, се до крајот на Евровизија. Според кролот кој одеше во долниот дел, Израел добил 12 поени со 39 отсто од гласовите, а Холандија 10 поени со 7,3 отсто од гласовите.
За време на паузата, три евровизиски дами кои настапија и победија на Евровизија на сцената и ги изведоа шесните со кои победиле. Хелена Папаризу ја пееше нејзината победничка песна за Грција во 2005 година со My Number One, Сертаб Еренер ја изведе песната која и ја донесе засега единствената победа на Турција во 2003 година со Everyway That I Can, а Шарлот Перели и ја донесе четвртата победа на Шведска на Евровизија од 1999 година со Take Me To Your Heaven.
Редоследот за големото финале беше одреден врз основа на ждрепката одржана веднаш по првата и по втората полуфинална вечер. Некои од претставниците веднаш беа доделени во првата или втората половина од финалето, додека останатите завршија во категоријата „Избор на продуцентот“, што значи дека шведскиот продуцент СВТ можел слободно да одлучи кога ќе настапат одредени земји. Ова правило во начинот на одлучување за редоследот во големото финале се донесе минатата година. “Producer‘s Choice (Избор на продуцентот) значи дека изведувачите се извлекуваат по случаен избор според редоследот на нивната изведба, за да можат да настапата во првата половина на вечерта, во втората половина или нова опција по избор на продуцентот. Ако изведувачот извлече „Избор на продуцентот“ по случајното извлекување, продуцентот ќе може да ја стави таа песна каде било во првата или втората половина од финалната вечер. Промената значи дека сега ќе има 6 места за избор во првата половина од вечерта, 6 во втората половина и 13 места избрани од продуцентите. На овој начин, продуцентите на шоуто имаат можност дополнително да ги истакнат сите песни во големото финале.
Поради учеството на Израел на Евровизија, имаше и масовни улични протести. Екстремно левичарската партија Сумар, членка на шпанската коалициска влада, денеска покрена петиција со која бара Израел да биде исклучен од финалето на Евровизија в сабота поради војната во Газа. „Потпиши СЕГА да го избркаш Израел од Евровизија, не дозволувај да настапи во саботното финале! Прочитајте ја онлајн петицијата која ја потишаа 7.000 луѓе. Наспротив нив, на другот крај на Малме се собраа ираелски поддржувачи. Полицијата масовно е присутна во градот, а многумина преку социјалните мрежи и јавно пред камери се заканија дека доколку победи Израел, ситуацијата може драстично да ескалира.
Во 2024 одбележува 50 години откако AБA ѝ ја донесоа првата победа на Шведска на Изборот за песна на Евровизија со „Ватерло“. Малку е позната дека АБА се натпреварувала и претходната година, но без поголем успех. Радиодифузерот СВТ ги покани Шарлот Перели, која победи на натпреварот за Шведска пред 25 години во 1999 година; Карола, која ја донесе Евровизија во Малме за прв пат во 1992 година по нејзината победа за Шведска претходната година и Кончита Вурст, која пред во 2014 година ја однесе Евровизија во Австрија.