Вечерва доделување на наградата Оскар

Во Долби театарот во Лос Анџелес вечерва ќе биде одржана 91. церемонија за доделување Оскари. Овогодинешното доделување на наградите, по првпат од 1989 година ќе биде одржано без водител, како и без новата категорија за најпопуларен филм, од која се откажа академијата. Во категоријата за најдобар филм, годинава се номинирани осум филмови. Фаворити, со по 10 номинации, се сметаат британскиот филм „Миленичка“, црна комедија за политичките интриги и игри на моќ на дворот на кралица Ана во 18 век и „Рома“, осврт на животот на една куќна помошничка во мексико сити.