Вечерва беше отворена изложбата „Современа скулптура“
Foto

Вечерва беше отворена изложбата „Современа скулптура“

Уметничката скулптура во нашата држава се карактеризира со традиционален пристап, но со модерен и современ израз, реализирани како отворени форми, затворени, перфорирани од камен, дрво, глина, метал и други материјали. Вајарското дело или скулптурата како дел од вајарскиот израз во себе содржи форма, текстура, линија и ги обединува другите ликовни елементи како еден специфичен тродимензионален израз, кој кореспондира со просторот. Вечерва беше отворена изложбата „Современа скулптура“ која по подолг период се реобновува како изложба во рамките на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Во минатото се реализирани изложби насловени како „Современа македонска скулптура“, ситна пластика, а денес е „Современа скулптура – ДЛУМ“. Возобновувајќи ја организаторите потсетуваат на оние вајари што имаат оставено огромна трага во ликовната уметност на нашето поднебје, како Димо Тодоровски, Јордан Грабул, Петар Хаџи Бошков, Томе Серафимовски и Боро Митриќески.

0 Коментари

Остави коментари