Вебер повторно избран за претседател на ЕПП
Foto

Вебер повторно избран за претседател на ЕПП

Германскиот демохристијанин Манфред Вебер денеска по третпат е избран за шеф на Европската народна партија, најголемата група во Европскиот парламент.

- Горд сум и благодарен на моите колеги што ме избраа повторно да претседавам со групата на ЕПП. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата работа за зајакнување на христијанската демократија и десниот центар низ Европа, рече Вебер по изборот, на кој освои огромно мнозинство гласови.

Тој најави дека ќе се бори против оние кои сакаат да ја загрозат и уништат ЕУ.

- Христијанската демократија беше принцип на создавање на ЕУ и ЕПП е водечка сила за силна и стабилна Европа блиска до народот, рече Вебер.

Вебер (49) е претседател на Христијанско – социјалната унија (ЦСУ), најсилната партија во Баварија, и ја предводи парламентарната група на ЕПП од 2014 година.

 

 

 

 

 

0 Коментари

Остави коментари