„Ве гледаме!“ – порачаа од „Кој е следен“ на транспарент пред судницата во Идризово
„Ве гледаме!“ ваков транспарент осамна пред судницата во Идризово непосредно пред почетокот на судскиот процес за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Герила акцијата ја изведоа активистите на движењето Кој е следен! Тие побараа непристрасно, професионално и целосно транспарентно судење, ослободено од политички влијанија.
Судската власт од денес е под лупа! Бараме непристрасен, професионален и целосно транспарентен судски процес ослободен од политичките канџи. Оние кои денес ќе се облечат во црните тоги имаат обврска да покажат интегритет, храброст и почит кон законот
Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска смета дека судењето за пожарот во дискотеката Пулс ќе биде тест што ќе трае долго време и нема брзо да се заврши.
Изјава Маргарита Цаца Николовска – поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права
Судскиот процес кој почнува осум месеци по трагедијата ќе се одвива по две рочишта неделно со проширен тим од 15 јавни обвинители.

