„Ве гледаме!“ – порачаа од „Кој е следен“ на транспарент пред судницата во Идризово

Ве гледаме... порача граѓанското движење „Кој е следен“ пред судницата во Идризово преку транспарент. Со ова, како што објавија од движењето на социјалната мрежа Инстаграм, порачуваат дека од денеска судската власт е под лупа.  

Бараат непристрасен, професионален и целосно транспарентен судски процес, ослободен од, како што велат, политичките канџи. Оние што денеска ќе се облечат во црните тоги имаат обврска да покажат интегритет, храброст и почит кон законот, порачаа од движењето.