„Вдахновение“ - роденденски концерт на Македонската филхармонија

Македонската филхармонија вечер ќе го одржи својот роденденски концерт „Вдахновение“. Концертот ќе биде под диригентство на Конрад ван Алфен (Холандија), а како солисти ќе настапат врвните инструменталисти Даниел Роланд – виолина (Англија/Холандија) и Маја Богдановиќ – виолончело (Србија). На програмата се Концерт за виолина и виолончело во а-мол, оп. 102 од Јоханес Брамс и Симфонијата  бр. 2 во е-мол, оп. 2 од Сергеј Рахмањинов.

Оркестарот на Македонската филхармонија е формиран на 24 ноември 1944 година, по завршувањето на Втората светска војна и само 11 дена по ослободувањето на Скопје. На улицата „Крушовска“ бр. 27, во домот на композиторот Тодор Скаловски, биле поставени темелниците на најстарата институција од културата во државата, прва од таков вид во ослободена Македонија.