Важно е владата да го објави и протоколот!

За граѓаните, експертите и политичките партии да можат да донесат информирана одлука за Францускиот предлог не е доволно што Владата ги објавила трите документи односно Преговарачката рамка (Negotiating Framework), Изјавата на ЕУ при отворањето на преговорите (EU Opening Statement) и Заклучоците на Советот на ЕУ (Draft Council Conclusions).
Потребно е да се објави и Протоколот од вториот состанок на меѓувладината комисија, за кој министерот Османи рече дека го усогласил со министерката Генчовска, и треба да се потпише, како што тој рече, на денот на одржувањето на меѓувладината конференција во Брисел.
Ова поради тоа што во тој протокол се наоѓаат обврските што сме ги презеле за имплементација на Договорот за добрососедство и пријателство во делот на историската комисија - говорот на омраза, учебниците, спомениците, отворањето на досиејата на УДБА итн. итн. познатите услови 4+1.
Протоколот е важен затоа што сепак е спомнат во два од понудените документи од Владата, а во третиот, Преговарачката рамка, не е спомнат како протокол туку е заменет со
зборовите Annual reviews and measures - годишни прегледи и мерки. Сепак, во двата други документи спомнат е директно како протокол и јасно е дека се работи за една и иста работа. Еве, на пример во точката 14 од EU OPENING STATEMENT е спомнат како протокол, како и во точка 3 од Draft Council Conclusions, исто така е спомнат како протокол.
Во Преговарачката рамка, пак, во точката 5 точно се наведува дека напредокот во преговорите ќе зависи од прогресот во исполнувањето на одредени критериуми меѓу кои токму во остварувањето на протоколот односно како што таму се користи Annual reviews and measures...
Значи, од остварувањето на Годишниот преглед и мерките (протоколот) ќе зависи сепак нашиот напредок во евроинтеграциите. Затоа е важно да видиме какви обврски сме презеле, за делот за работата на историската комисија, говорот на омраза - учебниците, спомениците итн.
Еве каде е спомнат протоколот односно годишниот преглед и мерки, во трите документи.