Василевска: Димитров го прекрши Уставот, затоа следува интерпелација
„Интерпелацијата на Никола Димитров е првиот чекор на опозицијата, транспарентно вадење на виделина на цела оваа шарада на извршната власт. Дојдено е крајно време членовите на извршната власт да го почитуваат македонскиот народ, главната причина за интерпелацијата е што Димитров го прекрши Уставот, член 92, затоа што извршната власт е должна да реферира за сите нејзини чекори. Димитров е далеку од оваа транспарентност. Димитров го викавме во Собрание да објасни дали се точни информациите дека се подготвува таен анекс на Договорот со Бугарија“ - вели Иванка Василевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Студио 10 на ТВ24.