“Вашингтон Пост“: Русија подготвува офанзива врз Украина со 175 000 војници
Русија ги негира наводите на американските медиуми за потенцијален руски напад врз Украина, обвинувајќи ги САД дека се обидуваат да ја влошат ситуацијата.
- САД спроведуваат специјална операција за влошување на ситуацијата поврзана со Украина и ја префрлаат одговорноста на Русија. - изјав Марија Захарова - портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.
Инаку веста дека Русија планира офанзива против Украина на најмалку 4 фронта на почетокот на следната година со 175 илјади војници, ја објави Вашингтон пост кој објави разузнавачки документ. Амеканскиот претседател пак Џо Бајден тврди дека ќе и направи на Русија да и биде тешко да ја нападне Украина.
Споре пишувањата на вашингтон пост, Руските планови предвидуваат воена офанзива против Украина уште на почетокот на 2022 година со сили двојно поголеми од она што го видовме минатата пролет за време на вежбата на руската армија близу границата со Украина. Плановите вклучуваат движење на 100 баталјони со 175 илјади војници, тенкови, артилерија и друга опрема“. Документот кој содржи сателитски снимки, покажува дека руски трупи се собираат на четири локации. Досега се распоредени 50 баталјони, заедно со новопристигнати тенкови и артилерија.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников рече дека Украина нема да направи ништо што би можело да предизвика таков развој на настаните, но дека е подготвена да се одбрани доколку Русија изврши напад.
„Нашите разузнавачки служби ги анализираат сите сценарија, вклучително и најлошото. Тие посочија дека постои можност за голема ескалација од страна на Русија. Најверојатната временска рамка да биде целосно подготвена за ескалација на состојбата е крајот на јануари.“ - изјави Олексеј Резников-Украинскиот министер за одбрана.
Украина крена тревога бидејќи во последните недели се забележани „големи и невообичаени“ движења на руски војници на нејзината граница, а министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеб драматично изјави дека „она што сега го гледаме долж границата не е само воено засилување, бидејќи Русија пролетва доведе армада на нашата граница и оттогаш ја нема повлечено“.
Во наредните денови се очекува да се случи најавената видо конференциска врска на претседателот Бајден и рускиот претседател Владимир Путин во чиј фокус ќе биде токму ќе биде прашањето: дали ќе има ли руска офанзива на Украина.

