Вашингтон му оддава последна почит на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш постариот

Неколкумина поранешни американски претседатели како и голем број дипломати од целито свет пристигнаа во вашингтон да му одадад последна почит на поранешниот пертседатекл на сад, џорџ буш кој почина во петокот на 94-годишна возраст. Џими Картер, Бил Клинтон и Барак Обама ќе му се придружат на актуелниот претседател Доналд Трамп во Националната катедрала во Вашингтон, каде неговиот син и порабнешен претседател, Џорџ Буш помладиот ќе одржи говор. Погребната церемонија ќе започне од Капитолот, а потоа неговото тело ќе биде пренесено во Катедралата. Ковчегот потоа ќе биде однесен во воздухопловната база Ендрјус а утре ќе биде вратен во Хјустон, Тексас. Тој ќе биде погребан веднаш до неговата сопруга Барбара, која почина во април годинава, како и до нивната ќерка Робин, која почина од леукемија во 1953-та година. Покрај ковчегот постојано беше и двегодишниот лабрадор.

На територијата на целата држава е прогласен национален ден на жалоста, а сите сојузни установи се затворени. Во знак на почит и албанското знаме кое се наоѓа на претседателската резидеција во Тирана е спуштено на половина копје а ден на жалост прогласи и Косово. Џорџ Буш е 41. претседател на САД а последните неколку години тој страдаше од Паркинсонова болест. Во текот на неговиот мандат заврши Студената војна а беше изведена и воената операција „Пустинска бура” против ирачкиот претседател Садам Хусеин. Буш беше ветеран од Втората светска војна, директор на ЦИА, а осум години беше и потпретседател на Роналд Реган.