Вархеји во Софија, сака договор во јуни, Петков со три барања кон Скопје

Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешната средба со еврокомесарот Оливер Вархеји ги негираше обвинувањата од министерката за надворешни работи Генчовска дека има намера да го тргне бугарското вето, истакнувајќи дека за тоа Македонија треба да исполни три услови. 

Петков посочил дека со Вархеји работат заедно за да видат дали ЕУ може да биде гарант на овие три услови. Според еврокомесарот Вархеји многу фрустрирачко е тоа што сé уште нема решение за да се продолжи со пристапниот процес, но тој не губи надеж.

Осврнувајќи се на обвинувања од партијата Има таков народ, која вчера излезе од владата, дека Петков води посебна надворешна политика и сака да го тргне ветото, бугарскиот премиер рече дека ова што го слуша последниве денови се лажни наводи.