Вархеј: Лично ги охрабрив двете држави да дојдат до решение и конечно да се реши спорот и да се деблокира процесот

Нови охрабрувања од Европската Унија за надминување на спорот меѓу скопје и Софија. Западен Балкан останува на агендата но проширувањето мора да се темели на доверба и кредибилност, како од ЕУ така и од кандидаттие за влез во унијата.

„Северна Македонија и Албанија, мислам дека ова се уште е нашата најголема домашна задача. Двете земји ги исполнуваат реформите и условите за да ги почнат преговорите и да ја оддржат првата меѓувладина конференција. Се надеваме дека тоа ќе се случи овој месец. Последните одложуваања имаат негативен импакт на кредибилитетот на ЕУ. Лично ги охрабрив двете држави да дојдат до решение и конечно да се реши спорот и да се деблокира процесот.“ - изјави Оливер Верхеи - еврокомесар за добрососедство и проширување.

Од  македонската страна велат дека пораките кои дојдоа од софија минатиот период, даваат надеж дека спорот меѓу двете страни во брзо време ќе се надмине. Македонскиот претставник во преговорите меѓу двете држави, Владо Бучковси уште еднаш го повтори ставот дека земјава нема никакви територијани претензии кон Бугарија и ги охрабри историчарите од двете страни да ги засилат преговорите.

„Мислам дека дојдовме до еден степен за да стигнеме до заедничката цел. Денека е 2021 година, не е 2019 година. Само минатаат година Македонија и Бугарија направија многуи заеднички чекори, но кои за жал потоанаа во атмосферата дека не се имплементира договорот.“ - изјави Владо Бучковски.

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук смета дека новата бугарска Влада има можност да го рестартира конструктивниот дијалог, бидејќи интеграцијата на Западен Балкан ќе биде успех за регионот, за ЕУ, но и за Бугарија.