Вардар загуби од Веспрем (30:39) и се збогуваше од Европа
Foto

Вардар загуби од Веспрем (30:39) и се збогуваше од Европа

Ракометарите на Вардар со пораз 39:30 од Веспрем и во реваншот од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите се простија од Европа. „Џрвено-црните“ шансите за пласман во четвртфиналето ги загубија уште на првиот меч во Скопје, па овој денешниот беше чиста формалност.

Дуелот се играше опуштено, без притисок, а доминацијата на Веспрем беше јасна, 20:15 на полувреме. Се обиде Стевче Слушовски да нападне со „7 на 6“ во вториот дел, но тоа донесе двоцифрена предност за ривалот. Работите до крај беа само чиста формалност.

Капитенот Стојанче Стоилов и најдобриот вардаров стрелец во елитата, Тимур Дибиров имаа по пет гола во последниот меч за Вардар во Лигата на шампионите сезонава. Веспрем во четвртфиналето ќе се соочи со Кирил Лазаров и Нант.

0 Коментари

Остави коментари