Вардар станува „мртва река“
Најголемата река во Македонија со речен тек од Вруток до Солун, знаменитост со голема вредност за Скопје и останатите градови низ кои поминува. Во минатото покрај неа имало природен пријатен мирис кој докажувал дека реката е чиста, нешто што веќе не постои
Додека Вардар во Македонија е умрена река, Аксиос во Грција е жива, таму законските регулативи се построги и имаат подобра комуналната инфраструктура, повеќе прочестителни станици.
Вардар некогаш стратешкиот партнер на стопанството и транспортна конекција, дозволен за капење и рекреација во лето. Сега дозвола и безбедно може да плива единствено статуата покрај камениот мост.
Години наназад мерењата на надлежните покажуваат дека водата е загадена со препораки да не се користи за ништо доколку претходно не биде прочистена. Најзагадено е во долното течение на рекатаод градот, каде се слеваат и сите фекалии од канализацијата. Рапидно се зголемува населението во метрополата паралелно со тоа и количината на опадна вода. Пластика, шут, дрвена маса, матна вода секојдневен пејсаж што сме навикнати да го гледаме.
Од Македонската риболовна федерација велат дека во деведесетите години имало многу повеќе индустрија која директно ја испуштале отпадната вода во Вардар но тогаш имало доста повеќе риба. Како што одминуваат годините од многу фактори рибата се помалку ја има и покрај порибувањата што се вршат.
Освен порибувања, потребно е и зголемување на свеста кај населението околу одлагањето отпад покрај и во реките, инсталација на филтер станици за отпадните води, дел од препораките на неодамнешна анализа изработена од центар кој ги истражува јавните политики за квалитетот на водата во Треска притока на Вардар.
Од ресорното министерсво потенцираат дека во завршна фаза е законот за води, усогласен со европските стандарди кој треба да го помине собранискиот филтер.
Реките се само дел од природното богатство што мора да се чува за подобра иднина на сите. Нивните екосистеми и биодиверзитети се една алка од животниот синџир, мора да работиме на обновување и правилно управување, секако врз нив влијание имаат и климатските промени кои што се случуваат по човечка вина.
Без итни и одговорни дејствија, Вардар може да се претвори во уште еден пример за природно богатство изгубено поради човечките активности. Заштитата на природата треба да стане приоритет за секој еден од нас.

