Вардар со нова победа во СЕХА лигата, Мотор падна во Скопје
Foto

Вардар со нова победа во СЕХА лигата, Мотор падна во Скопје

Ракометарите на Вардар синоќа го совладаа тимот на Мотор од Запорожје, Украина со 32:27 во 5. коло од регионалната СЕХА-лига.

Црвено-црните ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот натпревар одигран во СЦ „Јане Сандански“. Највисокото водство на вардарци изнесуваше седум голови разлика (31:24).

Најефикасен во победничкиот состав беше Анте Гаџа со осум погодоци, Тимур Дибиров и Гоце Георгиевски постигнаа по шест.

Мотор е лидер во Б-групата со три победи и еден пораз, Нексе и Вардар имаат по три победи и два загубени натпревара, Војводина е последна со четири загубени меча.

0 Коментари

Остави коментари