Вардар со едно моќно полувреме го реши Тиквеш, Алкалоид ја освои Битола

Актуелниот македонски шампион, Вардар 1961 забележа уште една победа во Суперлигата и тоа во дуелот против Тиквеш од 35-25.

 

„Црвено-црните“ имаа проблеми во првото полувреме, поточно Тиквеш беше мотивиран, не дозволи да биде наидгран и на пауза се замина со нерешен резултат 15-15.

 
 

Сепак во вториот дел влегоа главните адути на Вардар кои направи разлика на теренот и на крајот беше остварен очекун триумф по кој екипата има шест од шест во шампионатот. Манасков, Георгиевски и Чувара постигнаа по шест голови, Хамзиќ и Петровиќ дадоа по пет погодоци.

Алкалоид пак го реши составот на Еурофарм Пелистер 2 со 35-30. Избраниците на Кирил Лазаров покажаа повеќе на средбата во Битола на која клучната предност ја направија во првите 30 минути (20-15), односно потоа истата рутински ја одбранија.

 

Серафимов и Илиевски со по седум гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Петровиќ постигна осум гола.