Вардар се пласираше директно во четвртфиналето на СЕХА лигата
Foto

Вардар се пласираше директно во четвртфиналето на СЕХА лигата

Екипата на Вардар се пласираше директно во четвртфиналето на СЕХА Газпром лигата откако вечерва ја совлада Војводина на гости со 33:35 (20:16).

Нашот тим иако губеше по првиот дел со -4, покажа одлична игра во последните петнаесетина минути и стигна дозаслужен триумф.

На две кола до крај на регуларниот дел, „црвено-црните“ си обезбедија место во Топ-8 фазата.

Тимур Дибиров со 11 и Павел Атман со 10 гола беа најефикасни во вечерашната победа на вардарци. Кај Војводина, Грозданиќ запиша 11 гола.

0 Коментари

Остави коментари