Вардар се намачи за триумф против Металург во СЕХА
Foto

Вардар се намачи за триумф против Металург во СЕХА

Вардар и Металург одиграа неизвесен дерби натпревар во кој победи шампионот со 27:26, но тимот од Автокоманда заслужи да остане непоразен. Металург во „Борис Трајковски“ му пружи силен отпор на Вардар, можеби го одигра најдобриот натпревар сезонава, во еден момент имаше водство и од четири разлика, но на крајот не успеа да избегне пораз. Последниот напад го имаше Металург, Шпенде се крена, шутираше од девет метри, но топката заврши крај голот на Кизиќ со што пропадна шансата домаќинот да остане непоразен. Металург водеше во најголемиот дел од натпреварот, во еден период имаше водство и од дури четири голови разлика 16-12, но Вардар запна во финишот, успеа да ја надополни негативата и во неизвесна завршница да го добие мечот. Криштопанс, Дисингер и Чупиќ постигнаа по пет голови за Вардар, Кизиќ имаше 14 одбрани. Во составот на Металург најефикасен беше Шпенде со шест постигнати гола, Даниловски запиша девет одбрани. По десет одиграни кола во СЕХА лигата Вардар е прв со 24 бода колку што има и Загреб, Металург е на деветото место со само четири бода.

0 Коментари

Остави коментари