Вардар по втор пат поразен од Барселона
Foto

Вардар по втор пат поразен од Барселона

Македонскиот ракометен првак Вардар втор пат за само шест дена загуби од Барселона во годинашното издание од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ вечерва загубија на гостински терен со убедливи 34:26. Високиот пораз е претрпен поради лошото второ полувреме кое вардарци го загубија со 18:11, откако на пауза отидоа само со еден негатива (15:16). За Вардар ова е трет пораз по осум рунди во ЛШ по што падна на четвртата позиција. Барселона е прва со седум победи и само еден пораз.

Резултати на другите натпревари од 8.коло во А-групата:

Киелце – Мешков Брест 34:31

Монпеље – Рајн Некар 31:26

Веспрем – Кристијанштад 36:27.

0 Коментари

Остави коментари