Вардар ќе биде во многу тешка група во Лигата на шампионите во идната сезона
Foto

Вардар ќе биде во многу тешка група во Лигата на шампионите во идната сезона

Ракометарите на Вардар предмалку ги добија противниците во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ се во група со ПСЖ (Франција), Пик Сегед (Унгарија), Порто (Португалија), Киелце (Полска), Брест Мешков (Белорусија), Фленсбург (Германија) и Елверум (Норвешка).

Групната фаза започнува на 16/17 септември, а ќе заврши на 3/4 март.Новата сезона во Лигата на Шампионите нашиот ракометен шампион Вардар ја почнува во Брест, Белорусија.

Во првото коло од групата во ЕХФ лигата на шампионите, Вардар ќе гостува кај Мешков во Белорусија.

Според календарот првото коло е закажано за 16/17 септември.

Потоа следува домашен меч со Елверум на 23/24 септември.

Првиот дел од групната фаза на ЛШ тимот го завршува со домашен меч со ПСЖ на 9/10 декември 2020 година.

Распоред на натпревари – групна фаза:

1 коло, 16/17.09.2020, Мешков Брест – Вардар

2 коло, 23/24.09.2020, Вардар – Елверум

3 коло, 30.09-01.10.2020, ПИК Сегед -Вардар

4 коло, 14/15.10.2020, Вардар – Фленсбург,

5 коло, 21/22.10.2020, ПСЖ – Вардар

6 коло, 28/29.10.2020, Вардар – Порто

7 коло, 18/19.11.2020, Вардар – Келце

8 коло, 25/26.10.2020, Келце – Вардар

9 коло, 02/03.12.2020, Порто – Вардар

10 коло, 09/10.12.2020, Вардар – ПСЖ

11 коло, 10/11.02.2021, Фленсбург – Вардар

12 коло, 17/18.02.2021, Вардар – ПИК Сегед

13 коло, 24/25.02.2021, Елверум- Вардар

14 коло, 03/04.03.2021, Вардар – Мешков Брест

0 Коментари

Остави коментари