Вардар и Пелистер во битка за престиж и бодови

Македонскиот ракомет викендов е во знакот на најголемото домашно дерби. Вардар и Еурофарм Пелистер в недела ќе ги одмерат силите во Скопје, во натпревар што традиционално носи огромна неизвесност, силни емоции и посебна атмосфера на трибините.

Двете екипи влегуваат во пресметката со големи амбиции, а дополнителна тежина на дербито му дава фактот што станува збор за директни конкуренти во борбата за врвот на македонскиот ракомет.

Актуелниот македонски шампион Вардар го очекува дербито со максимален ефект во домашното првенство. По осум одиграни натпревари, скопските „црвено-црни“ имаат исто толку победи, што дополнително ја зголемува самодовербата пред пресметката со битолскиот состав.

Сепак, во таборот на Вардар се свесни дека ваквите дерби-натпревари имаат посебна тежина и дека моменталната форма не е гаранција за успех.