Вардар е река од петта категорија на загаденост на водите - тие не се употребливи за ништо!

Рамка од прозорец, по некое парче мебел и облека, автомобилски делови, комунален отпад и сите отпадни води од скопската канализациона мрежа. Ова е сликата на Вардар кој со децении тоне во ѓубре и се дави во фекалии. Таа го добива епитетот мртва река.

Најдраматична е состојбата во главниот град. Ова се само неколкуте отвори од канализационите мрежи чии отпадни води завршуваат во реката. Голема смрдеа се шири низ скопските населби. Да се има река долж целиот град е ретка привилегија, но целата да се затрупа и загади со фекалии и смет е за неверување, реагираат граѓаните.

Секој километар подолу каде што поминува низ долината - Вардар е се позагаден. Во горниот тек во полошко во одредени точки според микробиолошка загаденост реката припаѓа во втора категорија. Но, во Скопје загаденоста е естремна и водата е од петта категорија и истата не може да се користи за никаква намена. 

И додека Вардар умира властите со најави за негово прочистување. Долгонајавуваниот објект пречистителна станица за реката - од Министерството за животна средина велат дека ќе се започне да се гради од наредниот месец. Колекторите чии отпадни води завршуваат во реката се речиси изградени Се работи за проект вреден 190 милиони евра, дел од парите се неповратни средства од Европската унија.  

Вардар е единствената река во регионот и Европа која минува низ главен град непрочистена. Најавите на министерството уверуваат дека проектот за чиста река ќе се реализират, па Вардар не само во песната туку и во пракса ќе ја краси Македонија.