Ракометниот клуб Вардар ќе биде ослабен на реванш дуелот од осминафиналето на ЛШ против екипата на Веспрем. Во составот ќе го нема голманот Робен Кантегрел, на негово место е пријавен Марко Кизиќ, а во составот ќе го нема ниту левиот бек, Филип Талески.
И Веспрем нема да настапи со истиот состав со кој славеше во Скопје. Ќе недостасува левиот бек Николај Маркусен, десното крило Гашпер Маргуч и средниот бек Мате Лекаи.
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра вечерва со почеток во 18:45 часот.
0 Коментари