Вардар без Криштопанс замина за Полска на мечот против Киелце
Foto

Вардар без Криштопанс замина за Полска на мечот против Киелце

Европскиот ракометен првак Вардар на гостувањето кај Киелце ќе биде ослабен, откако со тимот за Полска не отпатува Даинис Кристопанс.

Летонецот се здоби со повреда на дуелот против Војводина во СЕХА-лигата.

Тој не настапи во Скопје против полскиот првак, а го пропушти и дуелот во СЕХА со Мотор Запорожје.

Натпреварот меѓу Кјелце и Вардар се игра во сабота од 18:00 часот.

0 Коментари

Остави коментари