Ванковска и Јакимовски се приближуваат до 10 илјади потписи
Османи, Таравари, и Максим Димитриевски за сега се уште се тројцата претседателски кандидати кои ги собраа потписите за своите кандидатури иако се поблиску според последните бројки до нив е и кандидатот на Левица професорката Биљана Ванковска Цветковска на која и фалат уште околу 2 илјади гласови . Повеќе од половината потребни потписи веќе ги има собрано и кандидатот и лидер на ГРОМ Стефчо Јакимовски .
Сите останати на листата од 11 кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи – кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачки демократски сојуз и кандидатот Вело Марковски се доближуваат до кај 1000 собрани потписи а останатите Ѓорѓи Манасков , Зорица Цветковска од ДЕСНА , Господин Попоски и Томе Николоски според последните бројки немаат собано ниту 500 потписи и имаат се уште доста работа до 8 март кога е и крајниот рок согласно пропишаните рокови на ДИК
Според последните податоци до сега вкупно потписи за претседателските кандидати оставиле нешто помалку од 50 илјади граѓани .
И покрај тоа што кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Дафкова не ја почнале процедурата за собирање граѓански потписи и ја имаат поддршката од своите партии и пратеници во законодавниот дом најавија дека и тие ќе собираат потписи од граѓаните и ќе ги достават до ДИК .
Во меѓувреме продолжуваат препукувањата меѓу партиите но и внатрепарепартиски превирања откако пак денеска носителот на советничката листа на Левица во Аеродром и советник во општината Дарко Масларковски објави дека повеќе не е член на политичката партија, а одлуката како што вели ја донел базирана на повеќе причини поради кои не може да остане рамнодушен. За тоа информираше преку Ф.Б статус наведувајќи
Полно е со византиски игри, намерно уништување, игнорирање и оддалечување од чесни, вредни, борбени, бестрашни, бескомпромисни “чисти” кадри. Се случува опкружување со полтрони, и безкичмењаци кои следат ЛУДИ ДИРЕКТИВИ(како таа за отстранување на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ од Кутлеш) како и екипирање на раководни кадри кои се премногу сомнителни, увезени токму од политичките елити против кои се бориме .
Од Левица пак за ТВ 24 велат: Се работи за маргиналци и проблематични ликови кои имаат проблем со законот кои пред година дена беа суспендирани од партијата. Уште во 2017 та браќата Масларковски заедно со сопругата од еден од нив донираат по 200 илјади денари на ДПМНЕ . Левица никогаш не била по конзизтентна консолидирана и спремна да ја води главната опозициска битка на следните избори .
Ова е само едно од низата на внатрепартиски превирања кои се случуваат периодот предизборно после случувањата со Алијанса за Албанците поради кои Села и Таравари завршија на суд .