Вања грабната заради изнуда на пари, убиена во паника, Панче Жежовски убиен за долг од 500 евра

Вака според министерот за внатрешни работи, почнал денот на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска кој завршил трагично само по неколку часа откако го напуштила својот дом.

14-годишната Вања Ѓорчевска била грабната за да се изнудат пари од нејзината мајка. Во грозоморниот план учествувале пет лица - четворица од нив биле дел од групата која што го осмислила планот за грабнување, а меѓу нив и таткото на девојчето. 

Безживотните тела на девојчето и 74-годишниот Велешанец биле пронајдени во импровизирани гробови, кои што ги посочиле двајца сведоци, кои што ги гледале егзекуциите. Иако официјално не беше спомнато името на убиецот, сепак како извршител се сомничи познатиот скопски бизнисмен Љупчо Палевски-Палчо, кој е надвор од државата.

Пиштол досега не е најден. Вања, ја немало на ниедна од околу 70 обезбедени снимки од камерите. Јавниот обвинител Гаврил Бубевски рече дека најверојатниот мотив за убиството на Вања е тоа што нејзината мајка продала стан и се добила  поголема сума пари, која што групата сакала да ја изнуди од неа. Јавниот обвинител Бубевски, денеска прецизира дека првоосомничениот, кој е во бегство е организатор и реализатор на двете убиства. 

Пред да биде грабната и убиена мамлолетната Вања, велешанецот Панче е убиен поради долг на еден од соучесниците во ова кривично дело, долг од 500 евра. По исказите на осомничените неговото тело е најдено во близина на Велес. Панче беше пријавен како исчезнат на 24 ноември на денот кога Вања била киднапирана. Му било одземено и возилото „цитроен“ и истото се искористило за грабнувањето на Вања, по што било запалено.