Вангелов за ТВ 24: Илинденското востание не дошло како предмет на расправа на Комисијата

Огнен Вангелов, член на историската комисија во емисијата 24 анализа рече дека Илинденското востание воопшто не дошло како предмет на расправа на Комисијата.

- Оваа дилема што се отвори во јавноста за именувањето на Илинденското востание, дали е Илинденско преображение или Илинденско. Овој документ кој се наведува е записник кој е потпишан во 2019 и една верзија се потпишува на македонски, а друга на бугарски. И ние имаме такви записници како и Комисијата за работи што ние ги договараме. Тие записници се усогласуваат меѓу двете страни. Тие документи треба да бидат идентични, но кога се јавува проблем во именување на одредени настани, кај нас стои онака како што ние го кажуваме. - рече Вангелов.