Ванделт: Tешко е да се предвиди колку рецесијата во Германија ќе влијае врз Mакедонија
Германија бележи пад два квартали по ред и од вчера официјално влезе во рецесија. Колку ваквата сотојба во Германија може да се одрази врз земјите од Западен Балкан и Македонија , одговор побаравме од директорка на Германската стопанска комора (АХК) во Македонија, Антје Ванделт која посочи дека прашањето е комплескно и дека е тешко е да се предвиди колку рецесијата во Германија ќе влијае врз Македонија.
Подвлече дека дека постои заинтересираност на германските компании за инвестирање во Македонија. Ванделт меѓу другото рече и дека цените за греење беа многу високи во изминатиот период и тоа значеше дека помалку ќе се троши за други работи. Во следниот период сметките за струја и гас нема да бидат високи и потрошувачката повторно ќе се придвижи.
„Ова е многу тешко прашање, исто така е комплексно да се даде предвидување за економската состојба. Но она што можам да го забележам и заклучам е дека ние како Германска комора во Северна Македонија во изминатите недели добивме голем број прашања од германски компании кои што се интересираат и за пазарот во Македонија, како пазар каде што може да се инвестира и за понатамошна трговска размена“, вели директорката на Германската стопанска комора во Македонија.
И покрај ковид пандемијата, но и останатите проблеми кои произлегоа од економски аспект сепак трговската размена помеѓу Германија и Македонија во 2022 година бележи високо рекордно ниво од 4,8 милијарди евра.
„Она што можам да го кажам е дека имаме значаен раст во трговската размена помеѓу Северна Македонија и Германија кога ќе направиме само споредба 2020 година кога трговската размена изнесуваше 3.9 милијарди евра веќе во 2022 година имаме скоро трговска размена од 5 милијарди евра, поточно 4.8 милијарди евра и тука гледаме значајно зголемување“, рече директорката на Германската стопанска комора во Македонија.
На прашањето околу недостигот на работници Ванделт рече дека македонските работници не треба да заминуваат во странство, туку да се вложуваа во стручното усовршување. Подвлече дека секаде има недостиг од стручни кадри. Како пример посочи дека постои емиграција на работници од Латинска Америка во САД.
Според Ванделт не е работата во тоа колкав е бројот на работници на кој можеме да се потпреме, туку колку тие се квалификувани. Рече дека клучен фактор е потребата да се инвестира во образованието и во професии за кои пазарот на труд има потреба. На компаниите им порача дека треба да биде јасно дека квалификуваните работници треба да бидат и добро платени.