Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк

Непознати сторители денеска го вандализирале споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.  

Со спреј во неколку бои исчкртан е постаментот на споменикот и плочникот пред него. 

Од МВР  велат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите.