Ванчева: Пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидоа да исценираат нереди во Собранието

„Пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ за жал повоторно се обидоа да исценираат нереди, немили настани кој никој од нас не ги посакува. Ни самите не беа свесни што може тоа да допринесе и верувам дека денеска им е жал. Со ниту еден момент, акт на на никаков начин не бeа испровоцирани ниту од мене како претседателка на комисијата ниту од страната на останатите членови. Оттука е неразбирливо да применувате такви методи за донесување на закон. Легитимно е да поднесувате 3800 амандмани, но не е легитимно и вакви нереди во Собранието.“ - вели за Студио 10 Снежана Калеска Ванчева.