Валандовчани селектираат отпад, собрани над 3 тони пластика и хартија
Магдалена Пенова од Валандово ја донесе вреќата со хартија што ја собирала изминатата недела селектирајки го отпадот од нејзиното домаќинство. Таа е само една од стотината домакинства кои се пријавија да селектираат и преку мобилна апликација да пријавуват кеси со пласитка и хартија до ЈП Комунален Сервис при што добиваат поени за можна награда.
Возилото на Комунален сервис се упати по домакинствата во Валандово кои селектираат отпад. Освен во градот селектираниот отпад се собира и од населените места.
Валандовчани добиваат ќеси со бар кодови во кои го складираат отпадот кој може да има упторебна вредност. Од Комунален Сервис велат дека за половина година собрани се над 3 тони пластика и хартија кои се предадени на фирми каде служат како суровина.
Валандовчи го поздравија проектот. Велат дека навиките полека се менуваат кога станува збор за отпадот, бидејки оние што ќе селектираат огромни количини може да добијат и парични награди.
Проектот го иницираше Марио Томов од Слектирај отпад кој ја креираше мобилната апликација со која граѓаните алармираат до комуналното дека нивните кеси со селектиран отпад се за подигање.