Вал: Северна Македонија ќе му покаже на светот дека е доверлив партнер во промовирањето на мирот и стабилноста

Додека ја славиме 30-годишнината од Мисијата, вие се подготвувате да ја преземете функцијата претседавач со ОБСЕ. Дали може да има повеќе докази од тоа за да се илустрира вашиот успех како земја? Ова е чест, признание за позитивните случувања во земјата во спроведувањето на вашите заложби од ОБСЕ. Северна Македонија ќе му покаже на светот дека е доверлив партнер во промовирањето на мирот и стабилноста, истакна амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во земјава, Килиан Вал, во неговиот говор по повод одбележувањето на 30-годишнината на мисијата на ОБСЕ во нашата држава.

– Ја преземате одговорноста во тешки времиња, но не се сомневам дека ќе се справите со одговорноста на одличен начин. Од наша страна, како што му кажав на министерот Османи на нашата првична средба минатиот месец, ние во Мисијата во Скопје сме подготвени да направиме се што можеме за да го поддржиме претседавањето со Северна Македонија, истакна амбасадорот Вал.