Вакцините против вирусот во Европа и Балканот треба да стигнат истовремено
Foto

Вакцините против вирусот во Европа и Балканот треба да стигнат истовремено

Земјите од Западен Балкан најверојатно ќе добијат анти-ковид вакцини во истовреме со земјите членки на ЕУ. Информацијата доаѓа по утринскиот состанок на  Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји со министрите за надворешни и европски работи на земјите од Западен Балкан. 

 „Работам на тоа да се осигураме дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат на располагање на Западен Балкан на време, кога ќе започне дистрибуцијата во ЕУ.“ - напиша на твитер еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

И додека Европската унија се подготвува за вакцинација, Советодавниот одбор на американската Агенција за храна и лекови одобри итна употреба и на вакцината против коронавирусот, изработена од компанијата „Модерна“, откако пред една недела  истото тело даде согласност за вакцината, што е заеднички произведена од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“. 

Цени на вакцини: Една доза од вакцината на „Астра Зенека“ чини 1,78 евра, на „Џонсон и Џонсон“ – 8,50 долари, на „Санофи“ –  околу 7,56 евра, на „Фајзер“ – 12 евра, на „КјурВак“ – 10 евра, а на „Модерна“ – 18 долари“.  - овие податоци кои се сметаат за доверливи по грешка беа објавени од страна на државната секретарка за финансии во Белгија Ева де Блекер.

Информацијата која беше објавена на Твитер за кратко беше избришана, пренесуваат тамошните медиуми. Во меѓувреме генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш порача дека светот мора да овозможи вакцината против Ковид-19 да биде достапна за сите - Светската здравствена организација , пак ги повика луѓето да останат во своите домови за време на престојните празници. 

Во светот и денеска продолжува заострувањето на рестриктивните мерки - Хрватска, која денеска ја регистрира најмладата жртва од коронавирус - од 22 декември до 8 јануари  ќе воведе пасоши за движење. Во аптеките во Белград за рекордно време беа распродадени домашните тестови за коронавирус. 

Притисокот за здравствени власти да започнат со вакцинирање на населението што е можно поскоро расте во Германија - откако секојдневно земјата бележи зголемен бројот на починати - а денеска испиша и нови рекорди на новозаразени со Ковид 19.

Во Франција пак според последните проценки нема враќање во нормала до есента 2021. Научен советник на француската влада смета дека за вакцинирање на населението ќе биде потребно повеќе време од планираното.

0 Коментари

Остави коментари