Вакцинацијата без закажан термин почна предвреме

Без вакцинација на децата не може да се создаде колективен имунитет и токму поради тоа се донесе одлука да се препорача ванцинација кај деца од 12 до 16  годишна возраст, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Вакцинацијата кај децата сепак нема да биде задолжителна, и секој родител може да одлучи дали ќе го вакцинира или не своето дете. 

Засега за деца се дозволува само вакцината на Фајзер, а искуствата од другите држави покажуваат дека токму младите се најподлежни на новиот делта сој на корона вирусот. На новинарско прашање министерот одговори дека и тој би го вакцинирал и своето дете. 

Опозицијата пак бара што побрзо да се стави контрола на границите, но и да се забрза процесот на вакцинација. Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ до здравствените власти предлага пакет од 15 мерки, со кои според нив би се справиле подобро со ковид 19. 

Лекарите повторуваат единствен начин за борба против вирусот е масовната вакцинација, која штити и од тешки форми предизвикани и од овие нови мутации. 

Комисијата за заразни болести, пак  се уште ја анализира состојбата во земјава, по откривањето на пациенти заразени со делта-сојот. Здравствените власти повторуваат дека до крајот на неделата ќе се знае дали ќе побараат воведување на рестриктивни мерки на граничните премиени. 

Во земјава досега се аплицирани над 400 илјади дози вакцини. Официјално, од 12 јули граѓаните ќе може да се вакцинираат и без закажан термин.