Вајлдер го нокаутираше Ортиз во седмата рунда
Foto

Вајлдер го нокаутираше Ортиз во седмата рунда

Дионтеј Вајлдер го нокаутираше Луис Ортиз во многу очекуваниот натпревар за титулата во ВБЦ. Битката за трофејот се одржа во „Гранд Гарден Арена“ во Лас Вегас пред 17.000 гледачи.

Кубанецот беше поактивен во воведните рунди, имаше иницијатива и упатуваше повеќе удари од неговиот противник. Сепак, Вајлдер го дочека својот момент, а крајот дојде во седмата рунда кога го собори Ортиз со десен удар.

Американецот, наречен „Бронзен бомбер“, останува без пораз, бранејќи ја титулата по десетти пат и запишувајќи го својот 42 успех во кариерата и 41-ви со нокаут.

Триесет и четири-годишниот Вајлдер го нокаутираше Ортиз во првиот натпревар помеѓу двајцата во март 2018 година, што се случи во 10 рунда. Кубанецот, со прекар „Кинг Конг“, претрпе втор пораз, а неговите победи остануваат 31 на број.

0 Коментари

Остави коментари