Вадењето на лични дукументи ја урива довербата во полицијата

Македонското население во февруари најголема доверба имало во Армијата по што следат религиозните заедници, полицијата, претседателот како институција, додека пак на дното од листата се обвинителството и судството со 9% покажува истражувањето Еврометар на Евротинк кое се спроведува од 2014 година во рамки на проект за подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата кај нас подржан од националниот фонд за демократија од САД.

На прашање од истражувањето до анкетираните за нивното очекување за постапките на полицијата во случај на загрозување на нивната лична безбедност. Половина од нив сметаат дека полицијата би ги заштитила во случај нивната безбедност да биде загрозена, што е практично ист процент од претходното мерење на Евротинк, негативно одговориле пак 44 отсто т.е не би биле заштитени од полицијата.

Во ова истажување не е опгатена само полицијата се проверувала довербата кај граѓаните и за институциите Влада, Собрание, Политички партии. 

Зачудува фактот што речиси сите од испитаниците пак не се запознаени со улогата и работата на локалните совети за превенција само 7 % од нив позитивно одговориле дека знаат за оваа локалена организација кои биле помлади и со повисоко образование.