В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Foto

В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите

По завчерашните два инцидента во КПУ „Скопје“ и констатираните пропусти во безбедносните протоколи на затворот, директорот  Ѓоко Котевски најави дека ќе поднесе оставка. Оставката се очекува в понеделник, кога треба да биде готов и извештајот од истрагата за немилите настани во кои физички беа нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Според него, досегашната истрага покажа пропусти во постапувањето и непочитување на стандардните безбедносни протоколи во службата за обезбедување во КПУ „Скопје“. Поради тоа, Котевски, како што изјави, чувствува морална одговорност и ќе се повлече од функцијата.

 

 

Претходно, во текот на денот, премиерот Зоран Заев ги осуди инцидентите и побара оставка од Котевски.  Наведе дека независно кој е виновен за инцидентите, директорот треба да понесе одговорност. Котевски најави дека в понеделник ќе биде завршена комплетната внатрешна истрага, а потоа извештајот ќе биде доставен до Министерството за правда, до Управата за извршување санкции и до Кабинетот на премиерот.

 

Поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски на кои им беше одредена мерка притвор за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, физички биле напданти од Л. К. и Е. С. Според Котевски, М. Ј. и С. Р. биле сместени во различни павилјони поради што и инцидентите се случиле во различно време, едниот во едно, а по еден час и другиот во друго шеталиште. Извршени се разговори и земени се изјави од притворените лица вклучени во немилиот настан.

0 Коментари

Остави коментари