В.д. директорот на МКЦ издал забрана за снимање во култниот центар за новинарските екипи
Забранет пристап за новинарски екипи во Младинскиот културен центар, дозволено е снимање само пред МКЦ. В.д. директорот Никола Алексов, не ни одговори на повиците.
Вработените во Младинскиот културен центар ја потврдија информацијата дека сменети се бравите на канцелариите во сметководството и архивата, а клучот го има само в.д. директорот.
Моменталната состојба, вработените велат дека е непријатна и статус кво ситуација. Најавената ревизија од градот, од петокот ја проверуваат документацијата во култниот МКЦ.
Мечалов вели, средба помеѓу в.д. директорот Алексов и вработените во МКЦ се уште не е остварена, а колективот е во исчекување за да ги дозннат идеите и целите на в.д. директорот за понатамошното дејствување и работење на МКЦ.
Во неделата се одржа музички собир во одбрана на МКЦ, како што велат организаторите - неформалниот колектив „Гола планина“. Во однос на собирот Мечалов вели дека младите и генерациите кои доаѓаат го препознаваат МКЦ како свој дом.
Бурните реакции доаѓаат по разрешувањето на в.д. директорот Ванчо Богоев, кој како што велат од МКЦ, тој е дел од оваа институција 36 години, а бил сменет од својата позиција затоа што не подлегнал на притисоците и не потпишал вработувања. Минатата недела Никола Алексов кој е детектив по професија беше назначен за в.д. директор на МКЦ.