Узунов во Отворено: Парите од британскиот заем да се искористат за подобрување на образованието, тоа е најважната капитална инвестиција

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов во Отворено рече дека, капитални инвестиции не е изградба на мостови и патишта туку тоа е вложување во образование.

Според него, британскиот заем треба да се искористи за подобрување на македонското образование.

„Ваквите договори влада-влада се асиметрчични во корист на странскиот партнер. Тие ќе ни дадат пари и ќе си ги вратат парите и од каматата и од преоктите. Доаѓаме во ситуација богатата Македонија да ја финансира сиромашната Британија. Домашните градежни фирми треба да се ангажирани, но доста со тој социјалистички термин за капитални инвестиции, изградба на патишта мостови, ѕидови. Капитални инвестиции се образование и здравство. Сите тие пари треба да ги дадеме во целиот образовен систем за да стане добар како британскиот. Тоа ќе биде најдобрата капитална инвестиција. Патиштата можеме и сами да ги изградиме. Проблемот на развојот на Македонија не е недостаток на пари. Македонија пари има има и криминал, Македонија нема реформи и добро образование. Македонија ќе се развие од вакви проекти пола процент до процент но со добро образование државата ќе тргне по самоодржлив пат. Британци нека дојдат да ни покажат како се прави добро образование и како да се организира. Ако тоа успее, Македонија навистина е на прав пат“, рече Узунов.

Тој зборуваше и за тоа дека остварувањето на инвестиции и проекти не зависи од политичарите туку од капацитетот на администрацијата што треба да ги реализира.

Остварување на проекти и инвестиции не зависи од политичарите зависи од капацитетот на администарцијата за реалзиирање на проетки. Тој капацитет 30 години не се гради. Очигледно е дека некој друг треба да ја преземе работата. За задолжувањето, каматата е таа што ќе се договара меѓу двете држави. И колку да се земаат предвид некои параметри сепак таа е одредена паушално од двете страни. Засега не ја знаеме каматата и ќе имаме проблем ако е повисока. Имаме уверување дека ќе биде пониска од инфлацијата. Колкава ќе е инфлацијата. Ако планираат да има инфлација 10% тогаш да каматата ќе биде пониска. Многу работи не се јасни и тоа доведува до страв како се ова ќе излезе. Ние имаме негативно искуство. Унгарскиот кредит не даде никакви ефекти а долгот си стои“, додаде Узунов.