Узунов во 24 анализа: Бојкотот на маркетите не е инструмент на економска политика
Универзитетскиот професор, Ванчо Узунов во 24 анализа рече дека бојкотот на маркетите не е инструмент на економска политика. Според него, Владата треба да го заштити сиромашното население со мерки кои ќе донесат резултати.
„Бојкотот не е инструмент на економскла политика и тоа беше да се сврти вниманието и Влдата на крај рече дека виновни се маркетите. Ако имате екстра трошоци во четврток и петок маркетите се задоволни. Бојкотот не е инструмент. Владата треба да направи обид да го заштити стандардот на сиромашното населениие, да го иднетификува и точно да ги заштити нив. Тоа е краткорочно и тоа е современа политика на 21 век. Сите други мерки се долгорочни“, изјави Узунов.
Тој објасни дека во нашата држава сите Влади употребуваат краткорочни мерки и реформи бидејќи сакаат само да ги добијат изборите.
„Ние сме мал пазар и имаме несовршена конкуренција. Идејата дека во мала економија се ќе се реши со слободен пазар е имагинација. Мора да научиме како се регулира пазрот. Кај нас реформите се непопуларна мерка за време на избори. Политичарите сакаат да ги добијат сите избори и не спроведуваат реформи. Решение за пазарен неуспех е да се контролира пазарот, да не земе се бирократијата но да се регулира интелигентно“, рече Узунов.
Тој зборуваше и за субвенционирањето на земјоделците.
„Субвенционирањето на земјоделците почна во времето на претходната власт од ВМРО-ДПМНЕ, од мерка за развој помина во популистичка мерка за купување гласови, кога ќе се промени и ќе се насочи на развој ќе има ефект“, додаде Узунов.