Ужасот на македонското здравство: Не постои слободен термин за магнетна резонанца

До Нова година тешко до термин за магнетна резонанца на државно. Според „Мој термин“ нема можност за снимање во ниту една од јавните здравствени установи во Македонија.

Проблемот се провлекува со години, а го усложнуваат и честите дефекти на апаратите. Меѓу последните во дефект беше магнетната резонаца во Штип. Иако сега е во функција, тоа создаде дополнителен притисок и го зголеми времето на чекање бидејќи апратот не работеше  неколку месеци. Пациентите со хронични болести се жалат дека губат надеж дека ќе им дојде редот и ќе добијат шанса за прецизна дијагноза.

Директорот на штипската болница вели дека освен резонанцата поправен е и компјутерскиот томограф што е многу поважен за итните случаи. Смета дека причина за долгото чекање освен дефектите е и нерационалното користење на апаратот.

Откако не успеа од државата да добие пари за замена на расипаниот дел, штипската болница во време на енергетска криза и високи сметки за струја, за поправка на магнетната резонанца од сопствен буџет одвои 120.000 евра.